Македонската полиција влезе во домот на девојка - Веднаш ја приведе

Македонската полиција упадна во домот на девојка во Гостивар и веднаш ја приведе откако пронајде хероин.

Околу  01.30 часот полициски службеници на СВР Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ја привеле 28-годишната С.В. од Битола.

При претрес извршен со судска наредбa на улицата „Илија Антевски-Смок“ во Гостивар, каде престојувала, бил пронајден хероин. 

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега