Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен на албанско- косовска граница

Албанската полиција на граничниот премин Морина, на албанско  – косовската граница кај Кукс уапсила македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од австриските власти.
 
– Македонскиот државјанин Р.М.(25), жител на Скопје, приведен е при влез на албанска територија на граничниот премин Морина, откако при контрола пронајден е во системот како лице барано со меѓународна потерница. Меѓународната потерница е распишана од властите во Виена, Австрија на 29 јануари 2018 година и се бара за кривични дела – разбојништа, се наведува во полициското соопштение.
 
Полицијата од Кукс и канцеларијата на Интерпол Тирана, во соработка со Обвинителството на Кукс, ги преземаат со закон предвидените активности, по што Р.М. ќе биде екстрадиран во Австрија.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2021 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега