Македонски срам: Полни усти честитки ама никој не се фаќа за работа

Речи си и да немаше политичар кој утрово не му кажал на некој од вработените во неговиот кабинет (кој исто така ние го плаќаме) да напише честитка за празников. Од тоа дека Климент е основа на нашата култура, па за тоа каков универзитет имало во Охрид уште пред оние во развиениот свет па се до тоа колку Македонија се гордее со неговото дело.
Но ако поминете во центарот на Скопје и го видите овој споменик ќе ви стане јасно дека гордоста завршува тогаш кога тоа соопштение ќе им биде пратено на медиумите. Кога треба да се фатиме за работа и да потсредиме нешто, како на пример овој споменик тогаш ни оние кои што за тоа ги плаќаме никаде ги нема.
Честит празник.

08.12.2021 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега