Македонски Телеком: Преземени безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

Македонски Телеком информира дека по регистрираните повици во текот на денов од непознати дестинации кон нивни корисници, а кои имале цел да генерираат непотребен сообраќај, веднаш презеле безбедносни мерки, ги блокирале непознатите броеви и го оневозможиле бирањето кон тие дестинации. Апелира корисниците  да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци.

– Македонски Телеком ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници чија цел е да се генерира непотребен сообраќај. За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш презеде безбедносни мерки, ги блокираше непознатите броеви и го оневозможи бирањето кон овие дестинации. Апелираме корисниците постојано да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци, соопшти Македонски Телеком.

Голем број граѓани, на социјалните мрежи и кај операторите, информираа за телефонски повици од непознати странски броеви.

Директорот на АЕК Сашо Димитријоски претходно за МИА изјави дека телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон  домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство.

Исто така апелираше граѓаните да не одговараат на таквите повици што се регистрирани од корисници на и на двата мобилни оператора во државава.

АЕК, како што најави, ќе има средба со претставници на операторите, по што и ќе објави соопштение со конкретни насоки до граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега