Македонските ракометарки по 10 години повторно во ждрепката за ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра на Европското првенство (ЕП), откако ја доби организацијата на турнирот како ко-домаќин, па така во Скопје ќе се играат дуелите од првата и втората групна фаза.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи денеска од 17 часот во Љубљана, која ќе биде домаќин на полуфиналето и финалето на ЕП.

Ова ќе биде последно ЕП со 16 репрезентации, по што од 2024 година се проширува на 24 екипи, а турнирот ќе се одржи од 4 до 20 ноември во Македонија, Словенија и Црна Гора.

28.04.2022 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега