Макеоднска Каменица го доби својот нов градоначалник: Ова е победникот

Димче Атанасовски од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Создади нова иднина“ во вториот круг од изборите го освои мнозинството од гласовите на каменичани со што прогласи победа на Локалните избори во Македонска Каменица. Во својата првична изјава Атанасовски како нов градоначалник на Македонска Каменица, кажа дека од утре градот ќе го води нов честит тим.

-Емоциите преовладуваат во моментот, но пред се сакам да се заблагодарам на сите граѓани на Македонска Каменица, кои излегоа масовно и го дадоа својот глас за нашата коалиција, кои се спротиставија на сите тие притисоци кои ги правеа опонентите. Затоа ќе кажеме само една работа, од утре Македонска Каменица ќе ја води честит тим кој што ќе води грижа за Македонска Каменица, рече Атанасовски.
 
Победата Атанасовски со членството најпрвин ја прослави во штабот на партијата, а потоа толпата се упати кон плоштадот во Македонска Каменица каде се слави со музика и огномет.
 
Во Македонска Каменица во вториот круг од изборите гласаа 63,92 проценти од вкупно 6735 избирачи.
31.10.2021 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега