Макрадули: Проектот за клима инвертери за граѓаните стартува денеска

Проектот клима инвертери за граѓаните ќе стартува денес, веднаш по владината седница во Штип, најави заменик министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Макрадули посочи дека нема правни пречки за реализација на големиот еко-проект.

-Расчистени се сите правни дилеми, пренесени се финансиските средства до општините, а тие со своја програма ќе ги определат зоните и ќе овозможат имплеметација на проектот за клима инвертери. Мислам дека проектот ќе стартува денес веднаш по владината седница во Штип, изјави Макрадули кој во Битола ги посети основните училишта „Кирил и Методиј“ и „Александар Турунџев“ каде со поддршка на МЖСПП се реализираат еко-проекти.

Со проектот на Владата се предвидува 10 илјади семејства од Скопје, Тетово, Битола и Кичево да добијат субвенции од по 1000 евра за купување инвертер клима во замена со печките на огревно дрво. Предност ќе имаат домаќинства со ниски приходи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега