Макрон главна тема на Твитерџиите: „Кога домаќинот многу ќе ти се израдува“ (ФОТО+ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон го посети Тахити, најголемиот остров во Француската Полинезија.

Љубезноста на домаќините и обичаите доведоа до една комична сцена во која се чинеше дека ќе го удават истакнатиот гостин со цвеќиња.

За време на посетата на едно засолниште, љубезните домаќини редеа цветни венци околу вратот на Макрон и се чинеше дека го гушат во еден момент, но за среќа на францускиот претседател, обезбедувањето реагираше со отстранување на неколку венци за да може Макрон да „продише“.

По ова слдуваа низа реакции на социјалните мрежи.

„Кога се пресреќни што ве гледаат“ и „Ова е нашата елка, само редовно наводнувајте ја и не дозволувајте мачката да биде близу до неа“ се само дел од коментарите.

„Колекција пролет-лето, цвеќиња „ маст хав “за оваа сезона“, „Кога маската за лице не е доволна, завиткајте го целиот“, се и некои од пораките со фотографијата на која Макрон е украсен до сцеќиња.

Многумина велат дека Макрон, покриен со цвеќиња и школки, станал вирален како Берни Сандерс од претседателската инаугурација.

 

27.07.2021 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега