Макрон: Ќе примам вакцина на „АстраЗенека“ кога ќе ми дојде редот

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави оти со задоволство би прифатил да биде вакциниран против ковид-19 со вакцината на „АстраЗенека“ и „Оксфорд“, доколку биде во понудата кога ќе дојде на ред.

 

– Со оглед на најновите научни студии, ефикасноста на вакцината на „АстраЗенека“ е докажана, рече Макрон пред новинарите по виртуелниот Самит на Европската Унија, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

– Ќе дојде ред и на мене, но има време. Ако тоа биде вакцината што ќе ми биде понудена, секако ќе ја прифатам, додаде претседателот на Франција.

Макрон предизвика изненадување во Велика Британија, откако претходно во оваа година рече дека вакцината делувала „квази-ефикасно“ меѓу повозрасните лица од 65 години, потсетува „Ројтерс“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега