Макрон обвинува: Турција испратила сириски џихадисти во борбите во Нагорно-Карабах

Францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини Турција дека испратила сириски џихадисти во борбите во Нагорно-Карабах. Турција, која е сојузник на Азербејџан во конфликтот, во истовреме негира дека пратила платеници.

 

– Имаме информации дека сириски борци од џихадистички групации се префрлени преку југоистокот на Турција кон Нагорно-Карабах. Тоа е нов и сериозен факт кој ја менува ситуацијата, истакна Макрон пред новинарите во Брисел каде се одржува Самит на лидерите на Европската Унија (ЕУ).

Нешто претходно, Франција, Русија и САД заеднички повикаа на примирје во областа на Нагорно-Карабах, како и за безусловно враќање на преговарачка маса. Трите земји копретседаваат со групата на ОБСЕ од Минск, формирана во 1992 година, за посредство при постигнување на мирно решение за спорот околу енклавата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега