Макрон за антиваксерите: Тоа се луѓе кои го загубиле разумот

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека демонстрантите против вакцинацијата се луѓе кои го загубиле разумот.

Откако демонстрантите против т.н. ковид-пасоши се судрија со полицијата во Париз на 31 јули, Макрон ги заостри критиките кон радикалните демонстранти кои протестираат против кампањата за вакцинација.

„Нема да попуштам пред нивното радикално насилство. Нивниот став е закана за демократијата. Измешаа сè и сешто“, изјавил Макрон во интервју за магазинот Paris Match, а пренесува Блумберг.

04.08.2021 - 23:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега