Макрон збесна: Путин е на страната на војната
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги осуди ставовите на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е „на страната на војната“ и додаде дека оние кои веруваат поинаку сега се самите одговорни за своите заблуди.
„Претседателот Путин е на страната на војната, а не на страната на мирот и оние кои веруваа дека тој има желба за мир, самите се излажаа“, рече Макрон на прес-конференцијата што ја одржа со полскиот премиер Доналд Туск во Нанси, пренесува „Фигаро“.
Туск и Макрон денеска потпишаа договор за пријателство и зајакната соработка, а францускиот претседател „француско-полското пријателство“ го опиша како „срдечен сојуз“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа