Максим Димитриевски ќе бара втор мандат во Куманово како независен кандидат

Aктуелниот градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ Максим Димитриевски ќе бара втор мандат од кумановчани, но овојпат без поддршката на неговата партија, пренесува „Куманово њуз“.

Како што наведува порталот, Димитриевски ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник, а денеска ќе ја достави неговата кандидатура до ДИК и ќе започне со собирање на потписи.

Иако неговата матична партија се уште калкулира со името за Куманово, извесно е дека Димитриевски не е фаворит.

На претстојните локални избори Димитриевски ќе настапи и со независна листа на советници, а носителка ќе биде жена.

 

27.08.2021 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега