Максим Димитриевски најавил и независен настап на изборите- Спасовски смета дека партијата не треба да го награди со нова кандидатура

Дел од имињата на кандидатите за градоначалници на СДСМ ќе останат непознати и по вечерашните состаноци на партискиот врв.

Иако беше најавено дека целата листа ќе се заокружи вечерва, лидерот на партијата уште пред два дена најавил дека за некои важни позиции ќе му треба повеќе време. Ова според извори на „Сител“ ги зоврива страстите кај дел од потенцијалните кандидати кои сметаат дека тактизирањето е со цел да се пречекорат роковите за поднесување независни кандидатури.

Ако вечерва нема одлука за негова поддршка, независен настап најавил актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриески кој според партиски извори има најдобар рејтинг на анкетите но зад него не стои неговиот сограѓанин и потпретседател на СДСМ Оливер Спасосвки.

Според неофицијални извори Спасовски сметал дека Димитриевски не смеел да биде награден со кандидатура затоа што ја критикувал Владата. Тоа би било лош пример и би ги охрабрило другите да го прават истото.

24.08.2021 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега