Малите партии го доставија Законот за една изборна единица: Време е да се урнe еднопартискиот монопол кој владее 30 години

Пратениците од Деморатски сојуз, Левица, ВМРО-НП, ЛДП и СДСМ до Собранието денеска поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со којшто се предвидува Македонија да биде една изборна единица на следните парламентарни избори наместо со шест изборни единици како досега.

„Со измените на Изборниот законик, дефинитивно се демонтира еднопартискиот систем, се руши монополот на партиите кои 30 години владеат во државата, се создаваат услови за системски промени, развој на демократијата, борба против криминалот и корупцијата. Законот ќе овозможи одраз на волјата на граѓаните и основа за промени”порача Трајанов на прес – конференција од Собранието.

Трајанов додава дека овој пат процесот ќе го туркаат до крај и при тоа побара СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да го подржат кои начелно се изјасниле дека се за.

„Тие имаат некоја работна група и таму ги усогласуваат ставовите и околу оваа прашање. Сакам да верувам во нивните намери за промени, затоа што се инсистира овој закон да го донесеме со консензус. Но, како и да има 34 пратеници кои се од малите партии без оглед во која коалиција се во Собранието и ако бидеме единствени можеме да извршиме посилен притисок. Нашата заложба е да има широк опфат на учесници и да биде поддржан и од опозицијата првенствено”, додаде Трајанов.

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица истакна дека неговата партија се приклучува кон оваа иницијатива за една изборна единица, и рече дека ќе ја поддржи без разлика на предлагачот. Според нивните пресметки, Левица на минатите парламентарни избори била оштетена со тројца пратеници. И Апасиев апелираше до сите пратеници да ги прифатат измените, бидејќи тие придонесуваат за демократизација на општеството.

Како што најавија предлагичите за измените на законот поддршка ветиле и од партијата Беса, а очекуваат подршка и од пратеници на Алтернатива на Африм Гаши.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2021 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега