Малолетнички од Охрид обработувале фотографии од други девојчиња и со недолична содржина ги објавувале на Инстаграм

 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело  „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе известување против четири малолетнички, на возраст од десет до четиринаесет години, сите од Охрид.

Тие, во текот на јули оваа година, од социјалната мрежа „Инстаграм“, неовластено презеле фотографии од три малолетнички од Охрид, ги обработиле и со недолични содржини ги објавиле на „Инстаграм“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2019 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега