Малолетници се судриле со велосипеди на патот Велес-Градско - веднаш биле пренесени во болница

 

Двајца малолетници се здобиле со телесни повреди откако доживеале сообраќајна несреќа, односно се судриле во своите велосипеди.

-Вчера во 13:00 часот било пријавено дека на место викано „Бабуна“, на патниот правец Велес-Градско, се судриле два велосипеда управувани од двајца 14-годишници од Велес. Во незгодата, едниот велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес - соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега