Малолетници си пиеле пиво по полноќ во кафуле, ама ги фатила полицијата - уапсени се 19 лица

На 07.08.2022 во периодот од 00.10 до 03.00 часот, во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции во координација со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Прилеп и прилепско.

При контролата биле констатирани повеќе прекршоци, а приведени биле 19 лица, од кои седум малолетници. Во објектите биле затекнати седум малолетници после 24 часот, а двајца малолетници биле затекнати при конзумирање алкохол. Исто така, 10 лица не поседувале докумнет за идентификација, кај едно лице бил пронајден нож, затекнат е еден странски државјанин со нерегулиран престој, а едно лице го нарушило јавниот ред и мир. Против сите лица и правни субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.
Воедно, од претставниците на Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат биле констатирани прекршоци во сите контролирани објекти за што ќе бидат изречени соодветни санкции.

 

07.08.2022 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега