Малолетник избоден со нож во автобус на ЈСП- уште две лица пренесени на болница

Денес во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир во автобус бр.56, при што со повреди од остар предмет се здобил 16-годишен малолетник, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Со повреди се здобиле и уште две други малолетни лица кои се пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега