Малолетник изгубил контрола над мотоциклот и паднал - итно однесен во болница во Струмица

Две момчиња се здобиле со повреди откако паднале од мотоцикл, информира МВР.

-На 22.06.2020 во 00:30 часот било пријавено дека во Струмица на ул.„Широк Дол“ 14-годишник кој управувал мотоцикл „Априлија“ со струмички регистарски ознаки изгубил контрола и паднал. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил сопатникот по што биле пренесени во Општата болница Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица - велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа