Малолетник повреден во сообраќајка на регионалниот пат Струга-Дебар

 

Малолетник повреден во сообраќајка на регионалниот пат Струга-Дебар

„На 08.08.2020 во 10:34 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Мелнички мост се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода фабиа“ со охридски регистарски ознаки управувано од Д.С.(47) од с.Подгорци и мопед „соник“ со струшки регистарски ознаки управуван од 16 годишник од с.Мороишта“ стои во соопштение од полицијата.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа