Малолетник со убодна рана донесен во Градска болница

 

Малолетник се здобил со повреди откако бил нападнат од три лица во близина на угостителски објект во Скопје.

-Вчера во 19:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8-ми Септември“ бил донесен повреден 16-годишен малолетник од село Сарај, скопско, по чие кажување околу 19:30 часот во близина на угостителски објект на ул.“2“ во село Сарај бил физички нападнат од три непознати лица, при што  едно од лицата со остар предмет му нанело убодна рана.Од лекар на малолетникот му се констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега