Малолетник управувал со возило, па предизвикал сообраќајка во Скопје - девојка тешко повредена однесена во болница

 

Девојка се здобила со тешки телесни повреди откако доживеала сообраќајна несреќа во Скопје.

-Вчера во околу 15:30 часот на локалниот пат село Брњарци-с.Стајковци, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки управувано од 17 годишен малолетник од село Арачиново и патничко моторно возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од 20-годишната М.Т. од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Ј. во патничко моторно возило “Ауди А4“ која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа