Малолетно девојче со тешки повреди донесено на Клиника

Малолетничка од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од возило кое го напуштило местото на несреќата, информира Министерството за внатрешни работи.

Утрово во 1:30 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено малолетно женско лице со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна незгода.

Полициски службеници од СВР Скопје извршиле разговор со мајката на малолетничката, И.Ч.К.(34) од Скопје, која изјавила дека на ул. Кримска нејзината ќерка како пешак била удрена од едно возило, кое го напуштило местото на незгодата.

Се работи на расчистување на случајот, велат надлежните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2021 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега