„Мамо, овој човек делува сомнително“ - жена во Мексико испратила порака, а потоа исчезнала без трага

Мајка на три деца во Мексико испратила порака на својата мајка, во која напишала дека таксистот ѝ делува сомнително, неколку минути пред да ја киднапира.

Уште не се познати сите детали за киднапирањето на 27-годишната Карен Еспиндоле, чие исчезнување е пријавено во вторникот, како и како е вратена дома кај своето смеејство.

Не снимката која ја објавиле светските медиуми се гледа како полицијата во Мексико Сити ја носи Карен дома, откако ја немало 16 часа.

Нејзиниот брат Данијел Еспиндола на Фејсбук на сите им се заблагодарил на поддршката и рекол дека неговата сестра сега е на сигурно, пренесува Дејли Меил.

Нејзиниот татко Мигел Анхел Еспиндола рекол дека неговата ќерка се враќала дома вечерта од разговор за работа, кога забележала дека таксистот се однесува чудно.

Веднаш ѝ испратила порака на мајка ѝ дво која напишала: „Мамо, овој човек изгледа сомнително и грозно“.

Мајката брзо ѝ одговорила: „Љубов моја излези од автомобилот и земи друго такси“. После тоа ќерката повеќе не одговарала на пораките.

Ѝ испратила уште еднаш порака да ѝ ја каже точната локација, па уште една после тоа, но од ќерката немало ни трага ниту глас.

Семејството веднаш ја известило полицијата, па почнала потрагата по Карен.

После 16 часа, Карен била вратена дома. Меѓутоа полицијата не објавила детали за ова киднапирање, па е непознато каде Карен била чувана како и што е со киднаперот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега