Манасиевски: Дали Венко Филипче сака да манипулира дури и со човечки судбини, само за да дојде на власт

 


Дали Филипче учи од Заев како да злоупотребува трагедии, како Заев со Смилковско езеро и Младенов, за кои лажеше со години? Прашува членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Дали Венко Филипче кога вели дека нема друг како Заев и дека народот треба да учи од него, дали мисли и на лагите и злоупотребите на човечките трагедии? Дали Филипче се восхитува на Заев кога тој лажеше дека ќе ја каже вистината за смртта на Младенов и убиството кај Смилковско езеро, за потоа да се испостави дека лажел? Дали Венко Филипче сака да манипулира дури и со човечки судбини, само за да дојде на власт, а потоа во стилот на Заев – ,,пу, пу не важи”? Зоран Заев е причина за проблемите на Македонија, причина за тагата и бројни неуспеси, криминал и корупција. Венко Филипче да каже, што точно од тоа му е пример за учење? Добро е што Венко Филипче призна се од почеток, за народот да нема дилема дека тој е втор Зоран Заев, истакна Манасиевски.

02.05.2025 - 12:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега