Манчевски: Ги решивме најкрупните проблеми, реформата на јавната администрација е на прав пат

За неполни 2 и пол години успеавме да ги решиме најкрупните проблеми на државата, да обезбедме раст на економијата и партнерство со соседите, на прагот сме да бидеме дел од ЕУ и НАТО, меѓународната заедница ги препознава нашите спроведени реформи, и ние и нашите поколенија имаме европска иднина, истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски на граѓанската трибина во Кочани.

-Спроведуваме реформи кои ја враќаат довербата на граѓаните во институциите. Создаваме професионална администрација која е вистински сервис на граѓаните. Граѓаните од следниот месец ќе можат на својот телефон да ги добиваат најчесто бараните услуги и документација со што го олеснуваме целиот процес на добивање на документи. Реформата во јавната администрација е на прав пат – истакна Манчевски.

Наш приоритет се и ќе останат граѓаните. Одиме по прав пат, заедно, секојдневно со и помеѓу граѓаните, заклучи Манчевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега