Манчевски: Подготвена е платформата за онлајн наставата, дигиталните алатки се покажаа како клучни во време на коронакризата

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски денеска беше дел од неформалната средба со меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски. Средбата беше во организација на Институт за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП).

Очекувано, во пресрет на почетокот на новата учебна година, фокусот на разговорите беше на образовниот процес, односно потребата од прилагодување согласно пандемијата од Ковид-19.

На средбата беше подвлечена важноста од дигиталните алатки, за непречено функционирање како на образовнието, така и на останатите сфери од секојдневното работење и живеење.

Како што истакна Манчевски нашата држава, но и државите во целиот свет се пред голем предизвик во справување со здравствената криза. Тој се осврна и на работата во Собранието, каде мора да се предвиди нов начин на работа, протоколи и начин на одлучување…

Во придобивките од дигитализација, како што рече Манчевски, Северна Македонија е лидерите во регионот, но и еден од лидерите во Европа, како ретка држава со електронски регистар на население, а следниот предизвик, како што рече, е да се користи од сите институции и да не бараат од луѓето разни документи, физички.

Во однос на образовниот процес, Манчевски потсети дека Владата веќе ги објави плановите дека наставата ќе одвива онлајн со исклучок на децата од прво до трето одделение и има одредени други исклучоци.

Предвидени се сите ситуации. Платформата која ќе се користи за онлајн настава е подготвена и не е проблем. Од аспект на опрема и опременост на ученици и наставниците, тоа е проблемот кој во моментов се решава, рече Манчевски.

Потпретседателот Манчевски, објасни дека наставниците треба да одат на своите работни места, во училиштата, и на истиот начин на кој ја вршат својата работа, сега ќе ја вршат преку камера, а остатокот е начин на комуникација, размена на документи. Нашето ниво на подготвеност, потенцираше тој, е прилично слично и со останатите европски и светски земји.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2020 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега