Манекенка пронајдена со златен коноп околу вратот, но семејството се сомнева дека се самоубила - пресврт во нејзиниот случај

Семејството на младата австралиска манекенка, 25-годишната Бејли Шнајдер конечно се избори нејзината смрт повеќе да не се третира како самоубиство туку истрагата да биде предадена во одделението за убиство.

Нејзиното тело го пронашле нејзините родители на подот од кујната во нивната семејна куќа во Мелбурн на 24. јуни минатата година.

Околу нејзиниот врат бил пронајден тенок, златен коноп, но не е откриено местото на кое таа наводно се обесила. Покрај фактот дека Бејли била висока 178 сатиметри, локалната полиција ја третирала како самоубиство.

Меѓутоа, родителите Камерон и Сабин Шнајдер и нејзината сестра Лили никогаш не поверувале дека таа себеси си наштетила и покренале кампања да соберат пари за понатамоѓна истрага за нејзината смрт.

Бејли пред да почине се забавувала со 52-годишниот Ент Хемпелом од Мелбурн, син на поранешниот судија на Врховниот суд.

Откриено е дека поранешната девојка на Хемпел, Фиби Хендсџук во 2010 година исто така починала под невообичаени околности, кога паднала во одвод за отпад од 12. спрат од зградата во која живеела.

Случајот бил прогласен за несреќа, а Хемпел негирал дека е вмешан во смртта на 24-годишната Фиби. Со истрага било откриено дека Фиби била жива кога паднала, но дека починала поради загуба на крв откако нејзиното стапало било отсечено при пад.

 
 
 
View this post on Instagram

Don’t tell me I’m drunk, lost or unstable, just call me the Equaliser.  #goodvibes #greatvoms #tequliashots #losingmymind

A post shared by Baillee Like The Drink (@bailleeschneider) on Mar 3, 2018 at 2:28am PST

Сестрата на Бејли изразила олеснување затоа што случајот на нејзината сестра сега се истражува како убиство. Таа во емотивен пост на Фејсбук навела дека никогаш нема да се откаже од потрагата по одговорните.

„Ова е мојата реалност. Не можам доволно да им се заблагодарам на пријателите и колегите на неверојатното трпение и разбирање во овие случувања. Никогаш нема да се откажам од обидот да дојдам до одговор. Никогаш нема да се откажам од неа“, навела таа.

„Нашата ќерка Бејли почина пред 15 месеци, а ние и понатаму го очекуваме заклучокот од мртовечницата. Не добивме одговори за тоа како таа почина на подот на кујната со коноп околу нејзиниот врат, а без место за бесење. Нејзиниот телефон е одземен, не добиваме ништо од полицијата, ни од мртовечницата, што нам ни остава други опции да побараме истрага за нејзината смрт. Бејли заслужува правда. Ништо нема да ја врати назад, но нам ни се потребни одговори“, навел таткото.

 
 
 
View this post on Instagram

Feeling this change from my usual aviator glasses  #steaknight #glasses

A post shared by Baillee Like The Drink (@bailleeschneider) on Feb 7, 2018 at 12:01am PST

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега