Маричиќ ќе го замени Груби, ќе биде прв вицепремиер во техничката влада на Џафери
Маричиќ ќе го замени Артан Груби и ќе биде прв вицепремиер во техничката влада што ќе ја предводи Талат Џафери.
Висок владин функционер за „Слободен печат“ објаснува дека ова е дел од политичкиот договор меѓу СДСМ и ДУИ во пресрет на формирањето на преодната влада за организација на изборите и серијата кадровски и меѓупартиски поместувања на функциите како последица на тоа.
Техничката влада треба да се избере в недела на 28 јануари.
Груби останува вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Се очекува денеска претседателот на Собранието Џафери да поднесе оставка, за потоа тој да биде номиниран за премиер во техничката влада.
Според нивниот договор, ако на оваа позиција има кадар од ДУИ, тогаш позицијата прв вицепремиер треба да биде од СДСМ, а во случајот тоа ќе биде Бојан Маричиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа