Маричиќ: Обединетоста на регионот на југоисточна Европа значи забрзана интеграција на земјите кандидати на патот кон унијата

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ беше домаќин на министерскиот состанок на министри за европски прашања учесници во процесот за соработка во Југоисточна Европа во рамки на претседавањето со ПСЈИЕ 2023-2024. 

По состанокот на кој се усвојуваше заедничката изјава со која учесниците на Процесот за соработка на југоисточна Европа кои се земји-членки на ЕУ ја нудат својата цврста поддршка на учесниците во ПСЈИЕ кои не се членки на ЕУ на патот на интеграција, засновано на заслуги кон полноправно членство во ЕУ. 

По одржувањето на состанокот на кој учествуваа делегации од сите земји членки од ПСЈИЕ и претставниците на главните градови на Југоисточна Европа. Вицепремиерот Маричиќ се обрати до медиумите со благодарност истакнувајќи го значењето на соработката.

„Денес, обединети во својата определба за прогрес кон Европската Унија заедно со нашите регионални партнери на овој состанок беше усвоена заедничката изјава со која учесниците на Процесот за соработка на југоисточна Европа кои се земји-членки на ЕУ ја нудат својата цврста поддршка на учесниците во ПСЈИЕ кои не се членки на ЕУ на патот на интеграција, засновано на заслуги кон полноправно членство во ЕУ. 

Ние, учесниците на ПСЈИЕ, стоиме обединети во нашата поддршка за директни придобивки за сите партнери во регионот преку постепена интеграција, овозможувајќи усогласување со Единствениот пазар на ЕУ веќе за време на процесот на проширување на ЕУ“, кажа Маричиќ во изјава за медиумите.

27.03.2024 - 17:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега