Маричиќ: Сите партнери сметаат дека заслужуваме да ги продолжиме преговорите

 

„Имавме навистина тежок пат до ЕУ, оптоварен со билатерални прашања и со Грција и Бугарија, со долгогодишно чекање за почеток на преговорите и сметам дека сите без исклучок сметаат дека Северна Македонија заслужува да ги продолжи преговорите што ги започна минатата година и да во што најкус можен рок ги заврши и во првиот наредн бран на проширување на ЕУ да бидеме дел од тоа“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за Радио Скопје.

Тој додаде дека сериозната поддршка на земја ја потврдува и изгласата резолуција во германскиот Бундестаг.

„Тие навистина го прават тоа искрено со намера да дадат видлива и јасна поддршка на нашиот евроинтегритивен пат, да испратат јасна порака до Македонците и граѓаните на Северена Македонија дека Германија стои зад нас и дека не постојат опасности по нашиот идентитет и по нашиот јазик и по се она што се наши обележја во текот на преговорите со ЕУ. Мислам дека таа порака покрај Германија ја испратија јасно и сите други претставници. Така што, за нас имаше зборови на силна поддршка и поттик да се завршат сите обврски за да продолжиме успешно со преговорите“ рече Маричиќ.

19.06.2023 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега