Маричиќ: Владата не гледа проблем во вметнување на Хрватите, Црногорците и Бугарите во македонскиот Устав

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ појасни дека Владата не гледа проблем од вметнувањето на Хрватите, Црногорците и Бугарите во македонскиот Устав.

-Одамна бараат овие три малцинства. Подготвени сме да разговараме и не гледаме проблем во однос на малцинствата што веќе сме ги ставиле и ги имаат нивните права. Сметам дека ова треба да се случи пред нашето членство во ЕУ, како работа на нашиот систем, рече Маричиќ во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител, додавајќи дека кога и како ќе се случи тоа, допрва ќе се разговара.


Во однос на средбата на дел од Македонците од Бугарија со претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот смета дека тој настан не треба да биде тридимензиониран.

31.01.2022 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега