Маркирач од УБК: Мендух Тачи имаше псевдоним „швалер” - Џафери беше „деда”

Пензионираниот маркирач од УБК, Марјан Јанкуловски кој внесува броеви кои треба да се прислушкуваат, сведочејќи на денешното рочиште за „Таргет-Тврдина“ рече дека се посомневал дека има злоупотреба на системите за прислушување затоа што имало броеви псевдоними.

– Се посомневав, затоа што имаше некои псевдоними кои ние ги знаевме оперативно. Да речеме се знаеше дека псевдонимот „швалер” е Мендух Тачи, „деда” е Арбен Џафери. Чести беа такви броеви на познати лица за кои немаше никакви наредби, а беа нон-стоп вклучени на системот за прислушување, рече тој во Судот додавајќи дека од системот за следење се бришеле броеви кои се следеле секоја година, а потоа се внесувале повторно.

Во „Таргет-Тврдина првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега