Марко Михаилоски е избран за нов претседател на СДММ

Социјалдемократската младина на Македонија денеска ја одржа 23. Конференција, дигитално, почитувајќи ги целосно протоколите за заштита од коронавирусот.

На Конференцијата, која за нов претседател на СДММ, едногласно беше избран Марко Михаилоски, досегашен член на ИО на СДММ и долгогодишен член на СДСМ.

На Конференцијата, покрај изборот на претседател беа избрани и членови на Надзорниот и Централниот одбор на СДММ.

СДСМ постојано се менува но СДСМ постојано се грижи за младите, ги вклучува во реализација на успешни младински политики и затоа ја има поддршката од граѓаните, од младите. Во периодот што следува СДММ продолжува да биде важен дел од СДСМ, креатор на квалитетни младински политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2020 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега