Маркоска: Намалување на ДДВ за занаетчиски услуги од 18 на 5 отсто

 Во четвриот пакет антикризни мерки, обезбедена е и поддршка за занаетчиите. Со мерката наменета за занаетчиите се предвидува намалување на ДДВ на нивните услуги и производи од 18 на 5 отсто, со што ќе се  зајакне нивната конкурентност на пазарот, изјави денеска на прес-конференција, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

На занаетчиите, односно самостојните вршители на дејности, посочи таа, и натаму им  остануваат на располагање и другите мерки, како што е поддршката за исплата на платите или пристапот до поволните кредити од Развојната банка

– Новиот пакет антикризни мерки со цел полесно справување со последиците од коронавирусот, предвидено е и намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалоци, со нова повластена стапка на ДДВ од 10 отсто наместо сегашната редовна, од 18 отсто. Оваа мерка ќе започне од 1 јануари 2021 година, преку неа ќе се постигне намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, но и поголема ликвидност на услужниот сектор, изјави Маркоска.

Како Влада, нагласи таа, и натаму остануваме целосно посветени на обезбедување поддршка на секој граѓанин и секоја компанија погодени од глобалната пандемија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2020 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега