Марковски: Коронавирусот не е опасна болест

Организмот не се бори сериозно со коронавирусите кажа инфектологот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски за Телевизија 24.

„Серолошките тестови се подобри за разлика од ПЦР тестовите, поефикасни се. Тие тестови кажуваат дејка вирусот влегол во организмот, се заштитил. ПЦР тестовите не кажуваат дека вирусот влегол во организмот. 73 милијарди се во прашање само за тестовите, некој си го форсира својот производ, прашање е дали ќе му се верува на овој производ, а ние не го проверивме производот. Не се работи за опасна вирусна инфекција, реалната бројка што умреле од Ковид е 100 до 200.000 луѓе. Не е опасна болест. Не сме во паника, во хаос сме, науката не се почитува. По економските последици ова е најголемата војна што ни се случила“ рече д-р Марковски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега