„Маркукуле“: Свирепо убиство вечерва во Прилеп, младо момче избодено до смрт

Свирепо убиство се случило вечерва во строгиот центар на Прилеп, објави порталот Маркукуле.

Имено, како што дознава Маркукуле, група на млади луѓе најпрво физички нападнале, а потоа и со нож избоделе младо момче пред деветтокатницата.

-Според информациите од очевидци, момчето потоа се обидело да побегне и паднало пред поранешен хотел „Скопје”, каде и починало. Засега не е познат идентитетот на момчето, само се знае дека има имало околу 15-16 години и дека е од ромска припадност, пишува порталот.

КУРИР побара одговор од МВР за овој случај, одговорот ќе ги објавиме веднаш по добивањето.

29.02.2024 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега