Масовно ѕвонење од странски на македонски корисници - граѓаните меѓусебно се предупредуваат „Не одговарајте“

На социјалните мрежи луѓето се жалат дека добиваат повици од странски броеви, а после тоа сметките за телефон драстично им се зголемуваат.

– За да се избегнат било какви штети и шпекулации, има надлежни институции кои треба да го превенираат ова. Не сакам да верувам дека зад оваа масовност се крие таргетирана разузнавачка операција. За да нема шпекулации потребен е одговор – вели Фросина Ременски за „Слободен печат“, која утринава добила повик од броевите.

Таа за „Слободен печат“ тврди дека сомнежот околу мотивите за повиците е основан.

– Вакви алатки има имаат и разузнавачките служби и дивите мобилни оператори – вели Ременски.

На социјалните мрежи се шпекулира дека повиците се од Литванија и Естонија. Граѓаните меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците, зашто телефонските сметки ќе им пораснат драстично. Тие ова го тврдат од претходни искуства. Броевите започнуваат на +370 (668), +370 (669), +48 780, +881 но не се исклучува можноста да има и други.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега