Масовно насукување на китови во Австралија: Спасувачките екипи очајнички се борат да ги спасат оние кои преживеале (ВИДЕО)

На брегот на австралискиот остров Тасманија се насукале 270 китови од кои најмалку една третина починале.

Насукувањето на китовите е откриено во понеделник а спасувачите стравуваат дека има уште починати китови.

Морските биолози се трудат да ги спасат преостанатите со деликатна операција која веројатно ќе трае со денови.

Не е познато како и зошто китовите се насукале на брегот, пренесе „Би-Би-Си“. Последен пат масовно насукување на китови во Тасманија се случило во 2009 година

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа