Маж од Неготино измамил 3 лица од Виница: Ги излажал дека ќе ги вработи во Германија и им украл пари

 

ОВР Виница поднесе три кривични пријави против 32-годишниот Д.К. од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“.

Во  периодот од март 2017 до април 2017, пријавениот преку интернет оглас „работа во Германија“ објавен на интернет страна довел во заблуда три лица од Виница, на тој начин што лажно се преставувал себеси и нудејќи посредување за вработување  во Германија, ги навел оштетените во неколку наврати на негова трансакциона сметка да извршат уплата на парични сретства, во вкупен износ од 156,920 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега