Маж пронајден мртов во Скопје

 

Маж бил пронајден мртов во Скопје, информира МВР.

-Вчера во 14:32 часот во СВР Скопје, Т.Д. пријавил дека на ул.„Милан Зечар“ го затекнал починат 41-годишниот Љ.Т. од Скопје, кој живеел со неговиот татко 77-годишниот Б.Т.(77) од Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај лицето, кое претходно имало здравствени проблеми. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. За настанот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција - соопшти полицијата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега