Маж пронајден мртов во стан на Бит Пазар

МВР информираше дека вчера во 23:35 часот во СВР Скопје, Б.Е.(22) од село Глумово, скопско, пријавил дека околу 23:30 часот во негов стан сопственост на подрачје на Бит Пазар го пронашол починат 60-годишниот Љ.Р. од Скопје кој престојувал во станот и за кого се грижел тој.

Лекар од доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено во судска медицина-Скопје за обдукција.

26.10.2021 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега