Маж со нож и пиштол влегол во училиште во Германија


Во близина на главниот град на Германија, Берлин утрово е уапсен вооружен маж кој носел нож и пиштол во училиште во Петершаген.

Во училиштето бил вклучен безбедносен аларм кога било забележано дека маж со пиштол влегол во зградата и била повикана полиција. За време на инцидентот во објектот немало ученици.

Според германскиот весник Билд, приведен е 22-годишен Германец. Во акцијата повреден е еден полицаец и приведениот. 

08.03.2024 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега