Маж тешко повреден, излетал од пат во битолско

Маж тешко повреден во сообраќајка пренесен во болница со тешки повреди.

Според пријавеното,на 29.07.2020 во 23.50 часот се случила сообраќајна незгода на регионалниот пат Новаци-Битола, кај с.Логоварди, битолско, во која  Ј.Б.(59) од општина Новаци, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Тој е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата изврши увидна екипа на СВР Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега