Меџити: Дали Османи и ДУИ се подготвуваат да го вратат Груевски во Скопје на 23 октомври, Денот на ВМРО?

 

Од партијата Демократско движење на чело со Изет Меџити во соопштение прашува „дали Бујар Османи и другите се подготвуваат да го вратат Никола Груевски во Скопје на 23 октомври, на Денот на ВМРО“, пренесува весникот „Лајм“.

– За жал, се потврдуваат нашите сомнежи што ги презентиравме како опозиција во нашите официјални профили, каде јавно прашавме дали Бујар Османи го посети Никола Груевски во Будимпешта и дали на таа средба бил приватно или службено. Во тој случај одговорите беа дипломатски и неискрени, кажа Меџити за Лајм“.

Оваа изјава на лидерот на ДД доаѓа како коментар на неодамнешната изјава на првиот човек на македонското МНР, Бујар Османи кој неодамна за ТВ21 рече дека од најдобро е поранешниот премиер Груевски треба да се врати во Македонија за да се соочи со правдата. Според Османи тоа е најдобро од безбедносен аспект бидејќи Груевски бил 10 години премиер и „ги имал сите информации за државата“.

-Најдобро е (Груевски) да е овде и да се справува со судските процеси што ги има. Тоа би било најдобро решение. Затоа ова го кажувам повеќе аналитички но целата оваа фама околу некаква комуникација е тој психолошки страв што ние не го разбираме, кажа тогаш Османи.

15.10.2023 - 11:46
Фото: 
Принтскрин „Лајм“

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега