Мега заплена на македонската полиција: Паднаа 2 тони iPhone и Samsung телефони - како поминале царина?

Скопската полиција вчера вечерта извршила голема заплена на мобилни телефони од моделите на iPhone и Samsung, дознава Press24 од полициски извори.
Според неофицијални информации, запленети се дури 2 тони од овие модели на телефони.
До овој момент од полицијата не може да се добие информација каде е направена заплената ниту пак кој ги донел овие телефони во Македонија.
Нашиот извор тврди дека случајот е пријавен кај надлежен јавен обвинител и кај мобилната Царина. Се уште не се знае како овој товар поминал на Царина.
Упатени во бизнисот со мобилни телефони кои ги контактираше Press24 велат дека во Македонија нема играчи во овој бизнис кои работат со толку големи бројки иако ништо не треба да биде исклучено. Според нивната пресметка, 2 тони товар со мобилни телефони се околу 5.000 апарати заедно со се амбалажата.

12.03.2024 - 09:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега