„Мегагруп“ се оградува од одговорност: Базенот каде се удави девојче не е под наша концесија

Во битолската Клиничка болница вчера било донесено 14-годишно девојче кое починало во базен на улица „Довлеџик“.

Компанијата „Мегагруп“ се огради од одговорност, бидејќи под концесија ги има објектите околу базенот каде се случил овој настан, а не и самиот базен, пренесува ТВ21.

Соопштението од „Мегагруп компани“ го пренесуваме интегрално:

 

„Најнапред, дозволете да изразиме сочувство до семејството на младото девојче кое го загуби животот во несреќниот настан кој се случи денес во базенот на ЈП Стрежево. Компанијата Мегагруп се оградува од одговорност бидејќи под концесија ги имаме објектите околу базенот каде се случи овој настан, а не и самиот базен, за што е склучен писмен договор. Со оглед на тоа дека ние како концесионери оваа година немаме никаква намера да организираме какви било активности поврзани со базенот не се наметнува обврската за обезбедување и спасувачка служба бидејќи не постои продажба на карти, ниту служба за обезбедување. Од наша страна, со месеци наназад беше означено дека базенот не е во функција. Од наши сознанија, девојчето влегло неовластено без присуство на возрасно лице.  Уште еднаш потенцираме дека жалиме за овој немил настан и апелираме до сите родители да го зголемат своето внимание кон децата и кон тоа каде се движат како во иднина не би се случувале вакви немили настани на кое било место“, велат од компанијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега