Меган Маркл го напаѓа кралското семејство: Не ме заштитија за време на бременоста!

Меган Маркл смета дека во периодот кога била бремена, од кралското семејство не добивала заштита од лажните написи во медиумите, што, како што тврди и предизвикало емоционални и психички последици.

Овие наводи се изнесени во новите документи кои нејзините адвокати пред надлежниот суд ги поднеле во парницата што Меган ја води против весникот „Мејл он сандеј“ и компанијата во чија сопственост е весникот, открива Скај њуз.

Меган тужбата ја поднела поради написот во кој се објавени делови од рачно напишаната порака која таа во 2018 година му ја пратила на нејзинит татко Томас, со кого не е во најдобри односи.

Според тврдењата на адвокатите на војвотката, со објавувањето на текстот била нарушена нејзината приватност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега