Меган загрижена и бесна: Принцот Хари скрушум излегува ноќе и пие со Адел

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (35) веќе четири месеци живеат во Лос Анџелес со синот Арчи, но изгледа дека не им цветаат рози, доколку им веруваме на странските медиуми.

Имено, според пишувањето на британските таблоиди, но и други странски таблоиди, принцот Хари скришум излегува навечер од домот и оди на дружење со пејачката Адел (32) која инаку им е комшивка.

Изворот откри дека Адел и принцот Хари наводно се состануваат и пијат заедно.

„Една вечер Меган дознала од еден член на персоналот дека Хари се искрадува од домот. Не дека Хари го криел пријателството со пејачката, туку Меган не забележала дека нешто значајно се случува“, открива извор близок до британското кралско семејство, кој додаде:

„Меган толку беше опседната со тоа нивните животи да одат во насока која таа ја замисли, и покрај целото лудило во светот кое околу нив се случува, па поради тоа не забележа дека Хари бара утеха кај други жени“.

Изворот исто така открива дека принцот и пејачката тајно се дружат барем еднаш неделно.

„Адел е забавна и сака да пие, токму како и Хари пред да ја запознае Меган. Таа внесе малку свежина во неговиот живот, и го заштити од се што му се случува во Лос Анџелес, а на него воопшто не му се допаѓало“.

Меѓутоа, изворот нагласува дека „пијаните ноќи“ со Адел не се нешто непримерно, и дека Меган нема причина да се лути.

„Како што слушнав, нема тука флертување, иако Хари неколку пати повтори дека е воодушевен од изгледот на пејачката“, заклучи изворот.

Таа неодамна ослабна околу 40 килограми и ја доведе својата линија до совршенство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега